Актуелно 29.12.2018 21:00

Ристески: Годинава што измина ни донесе црнила, беше една од најтешките во историјата на Прилеп

Ристески: Годинава што измина ни донесе црнила, беше една од најтешките во историјата на Прилеп

Денеска во партиските простории на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, се одржа предновогодишно дружење каде присутни беа голем број членови и симпатизери на партијата.

Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Петар Ристески во изјава за медиумите потенцираше дека изминатата 2018 година беше една од најтешките во историјата на Македонија и Прилеп.

„Годинава што измина ни донесе црнила,сиромаштија и економска криза.Се зголемуваа цените на лебот за 20%, горивата а сметките за вода наместо пониски за 20% ,како што предизборно вети градоначалникот,се повисоки за 70%.Имавме година во која земјоделците ги фрлаа своите производи,својата мака, наместо да му бидат откупени по заштитени цени како што му ветуваа.

Зад нас е година во која беа газени нашата гордост,чест,достоинство. Со сите сили,домашни и странски го менуваа името,идентитетот македонски,историјата и култура ги распродаваат како на пазар.
Пред нас е нова година,нова надеж.Година на одлуки и промени,шанса да ги победиме црнилата.
Почитувани сограѓани,
Ви посакувам среќна нова година,здравје,среќа на вас и вашите најблиски.Мир и благосостојба во вашите семејства“-порача тој.