Актуелно 29.12.2018 21:00

Ристески: Годинава што измина ни донесе црнила, беше една од најтешките во историјата на Прилеп

Ристески: Годинава што измина ни донесе црнила, беше една од најтешките во историјата на Прилеп

Денеска во партиските простории на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, се одржа предновогодишно дружење каде присутни беа голем број членови и симпатизери на партијата.

Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Петар Ристески во изјава за медиумите потенцираше дека изминатата 2018 година беше една од најтешките во историјата на Македонија и Прилеп.

„Годинава што измина ни донесе црнила,сиромаштија и економска криза.Се зголемуваа цените на лебот за 20%, горивата а сметките за вода наместо пониски за 20% ,како што предизборно вети градоначалникот,се повисоки за 70%.Имавме година во која земјоделците ги фрлаа своите производи,својата мака, наместо да му бидат откупени по заштитени цени како што му ветуваа.

Зад нас е година во која беа газени нашата гордост,чест,достоинство. Со сите сили,домашни и странски го менуваа името,идентитетот македонски,историјата и култура ги распродаваат како на пазар.
Пред нас е нова година,нова надеж.Година на одлуки и промени,шанса да ги победиме црнилата.
Почитувани сограѓани,
Ви посакувам среќна нова година,здравје,среќа на вас и вашите најблиски.Мир и благосостојба во вашите семејства“-порача тој.

Предновогодишна средба во ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп

Денеска во партиските простории на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, се одржа предновогодишно дружење каде присутни беа голем број членови и симпатизери на партијата.Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Петар Ристески во изјава за медиумите потенцираше дека изминатата 2018 година беше една од најтешките во историјата на Македонија и Прилеп. "Почитувани сограѓани, зад нас е година која ни донесе многу црнила, сиромаштија и економска криза. Во оваа година видовме зголемување на цените на сите производи, се зголеми цената на лебот, на горивата… Во Прилеп наместо да имаме пониски сметки за вода од 20% како што вети градоначалникот, ќе имаме сметки повисоки за 70%. Видовме земјоделци како ги фрлаат своите производи, во оваа година сме газени, понижувани, ни се газеше врз честа, гордоста и достоинството. Со странски и домашни, со сите сили, ни се одзема она вековното, ни се одзема името Македонија и се распродава македонската култура и историја. Но, пред нас следува нова година, година на недежи, година на одлуки и промени. Во следната година ќе имаме шанса да ги промениме и да ги победиме овие црнила и да ги сместиме во старата година како спомен на едно темно, мрачно минато. Почитувани сограѓани, ви ја честитам новата година, ви посакувам здравје пред се, среќа, љубов вас и на вашите најблиски, благосостојба и мир на вашите семејства. Да ни се за многу години празниците", изјави Ристески.

Gepostet von ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп am Samstag, 29. Dezember 2018