Актуелно 01.06.2020 13:27

РКЕ одлучи: Ова се новите цени на горивата

РКЕ одлучи: Ова се новите цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика си објави новите цени на нафтените деривати кои ќе стапат на сила од полноќ.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 денар/литар.

Од полноќ малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 57,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 59,00 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 49,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со Одлуката од 26.05.2020 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 37,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,167 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 26.05.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 23,260 ден/кг.