По успешниот двонеделен пилот проект, аеродромот Шипхол во Амстердам одлучи да обезбеди 19 роботи за ракување со багажот. Како што соопштија од оваа компанија, овие роботи развиени за потребите на овој аеродром се дизајнирани да ги ублажат физички тешките работи како што се кревање куфери, пренесува веб-страницата „Шенген виза инфо“, објави Политика рс.
Од аеродромот велат дека очекуваат да користат повеќе од овие роботи во првата половина на следната година, но дека подготвуваат повеќе иновации во бизнисот.
Според очекувањата на управата на овој аеродром, се очекува роботите без проблем да пренесат и до 90 отсто од багажот на аеродромот.
Овој процент, наводно, бил уште поголем за време на пилот-проектот во јуни и роботите се покажале како одлично решение за проблемот со кој се соочуваат повеќето аеродроми во Европа денес. Врвната технологија им овозможи на роботите да креваат куфери наместо луѓе, а набрзо тие презедоа други работни места и им овозможија на патниците да се чувствуваат безбедно и сигурно дека нивниот багаж нема да биде одложен или изгубен.
Голем број роботи кои пристигнаа на аеродромот Шипхол од Данска веќе добро се докажаа во другите сектори каде што се користеа, како на пример во пекарниците. Според досегашните резултати, роботите се покажале како сигурни, прилагодливи и способни да решаваат физички тешки задачи.
– Во текот на изминатите шест месеци, развојот на овие роботи беше посветен исклучиво на подобрување на нивниот капацитет за кревање куфери, приспособувајќи ги специјално за аеродромска употреба. Патничките служби немаат работна сила, а според најновите податоци, моментално има 20 отсто помалку персонал на земја отколку пред пандемијата.