Овој знак е тврд орев кој тешко ќе го скршите. Но, ако успеете да влезете во нивното срце, тие ќе ве сакаат силно и ќе се грижат за вас. Ако ги изиграте, внимавајте.
Станува збор за Раковите. Тие се луѓето кои сакаат најсилно.
Зрелите Ракови знаат дека за сите нешта во овој свет постои место и време. Тие никогаш не сакаат да привлечат премногу внимание на себеси. Ќе се потрудат да си поминете убаво кога сте со нив, но и ќе се грижат за вас за се што ви е потребно.
Раковите се и најверни личности. Тие се полни со разбирање и лесно простуваат. Умеат секогаш да ги разберат туѓите предности и маани, и ништио не замеруваат.
Раковите не се плашат од предизвици и работат напорно за да го постигнат тоа што го сакаат. Тие знаат дека е потребна борбеност за да се постигнат целите и нема да престанат додека не го завршат тоа. Од друга страна, Раковите можат да бидат многу фокурани на своите професионални цели и нивното исполнување, но такви се и во љубовта.
Нивното мото е „Она што е мое е мое, а она што е твое е само твое“. Тие работат напорно за себе и не очекуваат ништо од другите. Раковите ретко бараат помош, но секогаш ќе ви помогнат, дури и да не го побарате тоа од нив. Тие ќе знаат дека ви е потребна помош. Тие се најгрижливиот знак во хороскопот. Исто така, се многу горди за својата грижа кон нивното семејство. Ја сакаат таквата улога, бидејќи им дава важност, се чувствуваат ценето и почитувано.
Тие се многу интуитивни личности, како Шкорпиите и Рибите бидејќи се воден знак. Веруваат во својата интуиција и голем дел од своите одлуки ги носат врз основа на тоа како се чувствуваат.
Ако се емоционално повредени, тие силно патат. Но, за разлика од Шкорпиите нема да бидат пресметани и да се обидат да ви вратат, туку нивниот пристап е само одбрамбен. Сакаат акција и авантура бидејќи се многу љубопитни и секогаш привлечени од позитивни вибрации.