Економија 06.06.2024 14:40

Руски бизнисмен и официјално ја презеде хрватската компанија „Звечево“

Руски бизнисмен и официјално ја презеде хрватската компанија „Звечево“

Рускиот бизнисмен Денис Штенгелов преку компанијата Flexway adriatic стана сопственик на 75 отсто од хрватската компанија „Звечево“.

Акциите ги купи од Здравко Алвир по цена од 38,71 евро за акција. Токму толку ќе треба да им платат на малите акционери за купување на нивните акции, потврдија од Хрватската агенција за супервизија на финансиските услуги.

Алвир ја продаде компанијата за 11 милиони евра. Штенгелов ја контролира и КДВ, голема прехранбена компанија во Русија. КДВ се занимава и со производство на слатки, а го поседува и малопродажниот синџир Јарче! со повеќе од илјада супермаркети во Русија.

Штенгелов, руски државјанин, со години живее во Австралија, а Украина го стави на списокот на санкционирани лица. Сепак, Европската унија не, па тој би можел да ја заврши трансакцијата. Тој работи преку неговата компанија Flexway со седиште во Дубаи, пишува Бизнисинфо.

Три месеци пред да настане обврската за преземање, акцијата на „Звечево“ се тргуваше на Загрепската берза по просечна цена од 7,32 евра. Но, малите акционери сега ќе добијат најмалку пет пати повеќе.