Соединетите Aмерикански Држави и доделија неповратни грант средства од 23 милиони долари на Македонија. Средствата ќе бидат наменети за четири програми кои се однесуваат на: подобрување на конкурентноста на приватниот сектор, јакнење на граѓанското општество и подобра информираност на граѓаните, зајакнување на капацитетите на администрацијата и нa поголема вклученост на маргинализираните групи во општеството и подобар соживот.
Со овие средства ќе се подобри пристапот до капитал на микро, малите и средни претпријатија, ќе се работи на подобрување на услугите и поддршката кои ги добиваат компаниите од институциите, како и на унапредување на бизнис климата. Микро, малите и средни претпријатија преку нови финансиски производи, како и обуки како да ги користат, ќе добијат подобар пристап до капитал.
Грантот од 23 милиони долари ќе помогне и во јакнењето на капацитетите на институциите на централната и локалните власти, за да одговорат на потребите на граѓаните како и за да подобро ги искористат расположивите ресурси. Средствата ќе се искористат и за програми кои ќе овозможат подобра информираност на граѓаните.
Дел од средствата ќе се наменат и за подобрување на социјалната кохезија преку поголема инклузија на маргинализираните групи и подобар соживот на граѓаните. Предвидените активности за да се постигнат овие цели се однесуваат на работа со централната и локалните власти, со младинските организации, улилиштата, кои ќе ја зголемат општата свест за овие клучни прашања.
Крајната цел на овие грант средства кои САД и ги доделува на Македонија е да се поддржи развојот на земјата во клучните сегменти на општеството.