Актуелно,Економија 23.08.2018 13:56

САД воведоа нови царини од 25 отсто за кинески стоки, Кина возврати веднаш

САД воведоа нови царини од 25 отсто за кинески стоки, Кина возврати веднаш

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе денеска нови царини за кинески производи. Царините се од 25 отсто и се за увозни стоки вредни 16 милијарди долари.

На 6 јули САД воведоа царини од 25 отсто за кинески стоки вредни 34 ммилијарди долари.

Таа ескалација на трговска војна меѓу двете држави може да биде проследена со нов бран во септември кога може да бидат воведени царини за стоки за 200 милијарди долари.

Новите царини се воведоа неколку часа пред вториот ден од разговори меѓу американски и кинески претставници кои се обидуваат да стават крај на трговската војна меѓу државите

Пекинг, како одговор на тој потег,  воведе 25 отсто царини за американска стока со вредност од 16 милијарди долари.

Одлуката е одговор на новите американски царински царини од 25 отсто  на кинески увезени стоки во вредност од 16 милијарди долари.

Најновата рунда царини од САД, Кина ја оквалификува како „јасно кршење“ на правилата на Светската трговска органзиција.

Од кинеското  Министерство за трговија е наведено дека ќе продолжат со противмерки за да се заштити интересот на државата.

– Кина ќе поднесе тужба против тие царини до механизмот во рамки на СТО, се нагласува во соопштението од Министерството за трговија.
Цариите на САД се за кинески производи – хемикалии, пластика, како и за пролупроводници и мотоцикли.