Актуелно 07.12.2023 08:46

Сања Лукаревска: Гониме ланец компании поврзани со нафтената индустрија

Сања Лукаревска: Гониме ланец компании поврзани со нафтената индустрија

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, вчера во тв-емисијата „24 Анализа“ рече дека за десетина дена, а најмногу за две недели, ќе биде обелоденета афера со затајување на данок на ланец компании од нафтената индустрија.

– За десетина дена ќе објавиме, работиме на специфичен ланец на компании кои се обиделе да го изиграат системот. Ние ќе ги споделимее сите факти, записници до надлежните компании, рече Лукаревска како гостин во емисијата.

Таа не кажа дали станува збор за големи компании, но рече дека станува збор за дејност со трговија за горива и дека контролите и анализите ќе завршат во наредниот период.

Според Лукаревска, имало обид да се сокрие данок во сметководствената евиденција. ()