Српската пејачка Сандра – Африка иако нема манекенски пропорции, сепак важи за една од најсексапилните на естрадата. Она со што мајката природа ја надарила, а естетската хирургија го надградила, ова распенао секси мињонче го прави да биде најлаткото бонбонче кога ќе се појави на сцена.
Можеби вокалните квалитети не и се прва лига, ама затоа онака стројна и бујна, својот телесен раскош пејачката обилно го користи како главен адут во секоја прилика да ја маѓепса својата публика.
Неодамна Сандра – Африка беше во Македонија, поточно во најпознатиот клуб „Де факто“ во Гевгелија. И уште не качена на сцена, сексапилната убавица го покажа сиот раскош на својата задница… И тоа одблизу, во гро план!
Имено, уште пред да започне настапот, при излегувањето на сцена Сандра – Африка покажа што е тоа „еротска гимнастика“, па со секој нејзин чекор кон бината нејзината „лудница од задница“ правеше такви секси движења, што се чини дека пејаката меша и кога оди.
А, непосредно пред да излезе на бина, некогашната танчарка покажа уште еден мал трик од нејзината вештина на еротски движења со своето извајано га*е.
Погледнете го видеото: