Економија 12.07.2018 12:27

Санкции за западноевропски компании кои инвестирале во рускиот гасовод „Северен поток 2“ кон Германија

Санкции за западноевропски компании кои инвестирале во рускиот гасовод „Северен поток 2“ кон Германија

Вашингтон го повтори предупредувањето дека може да воведе санкции за западноевропски компании кои инвестирале во рускиот гасовод „Северен поток 2“ кон Германија.

Според американскатавВлада, Москва го користи проектот за да предизвика раскол во Европа.

– Бевме јасни дека постои ризик од воведување санкции за компаниите кои работат во секторот на рускиот енергетски извоз, изјави претставник на американскиот Стејт департмент.

Тој додаде дека Вашингтон смета оти „гасоводот ќе ја поткопа целата енергетска безбедност и стабилност на Европа, давајќи и на Русија уште еден инструмент за вршење политички притисок врз европските земји, особено врз Украина“.

– Русија сфаќа дека овој проект ја дели Европа и го користи за да добие предност, истакна тој.

Пет западноевропски компании инвестирале во „Северен поток 2“ – германските Унипер и Винтершал, австриската ОМВ, француската Анжи и англо-холандската Шел.

Најнови вести