Руската банка планира да го намали присуството во Европа, а да го прошири работењето во Казахстан и Белорусија, но се очекува и да го продаде својот бизнис во Украина.
Имено, тоа го изјави директорот на банката во Русија, Херман Греф.
„Работиме во Европа, Белорусија, Казахстан и Украина. Украина е друга приказна. Таму веќе имавме три обиди за продажба на банката, а сега ќе направиме уште еден обид и се надеваме овој ќе биде успешен“, рече Греф за ТВ каналот „Русија 24“.
Исто така, тој најави дека до крајот на третиот квартал 2018-та година ќе биде заклучена трансакцијата за продажба на „Денизбанк“, нивната турска филијала, една од најголемите банки во Обединетите Арапски Емирати. Вредноста на таа трансакција, како што е наведено ќе биде најмалку 3,4 милијарди долари.
Директорот на банката додаде дека, „Сбербанк“ не би ја ставиле никогаш на продажба доколку не беа воведени санкциите кон Русија.