Актуелно 17.09.2019 10:24

СДСМ бега од дебати за“блескањето “ . Анѓушев се сокри од Јовановиќ

СДСМ бега од дебати за“блескањето “ . Анѓушев се сокри од Јовановиќ

Вице премиерот Кочо Анѓушев синоќа не се појави на дебатата која требаше да се одржи на ТВ 24 во 20:45 часот која требаше да се одржи со поранешниот советник во министерството за финансии Бранимир Јовановиќ . Имено, поранешниот советник во министерството за финансии Бранимир Јовановиќ кој  си даде оставка од истото министерство поради несогласувања со политиките на актуелната влада  напиша на својот фејсбук профил дека  Анѓушев не се појавил на дебатата и дека бега од соочување.

 

Имено поранешниот советник Бранимир Јовановиќ  иронично се запраша зошто вице -премиерот за економски прашања наводно се исплашил  и вознемирил од него и нивната ТВ средба.

Чудно за македонската јавност е тоа затоа што вице премиерот Кочо Анѓушев во сите минати гостувања на емисиите и изјавите ги фалеше економските политики кои неговиот тим и владата на чело со премиерот Зоран Заев ги носат. Прашање е дали неговото отсуство  е  заради фактот што јасно е видливо и мерливо дека тие економски политики воопшто не носат позитивни резултати туку напротив сите економски индикатори велат дека економијата оди надолу и македонската економија е една од најслабите во регионот.

Од неколкуте последни настапи на Анѓушев на тв дебатите  повеќе од јасно е дека вице- премиерот мака мачи да дискутира за економските достигнувања на владата затоа што тие и практично  ги нема и дека се понервозно делува поради фактот што сите податоци и бројки и аргументи  зборуваат против празното фалење на Владата во делот на економијата.

Инаку, Бранимир Јовановиќ во последниот дел на својот статус му се извини на Кочо Анѓушев доколку му предизвикал душевна болка и страв поради соочувањето на дебатата која не се случи заради отсуството  на вице премиерот и  му порача побрзо опоравување.