Актуелно 22.08.2019 11:42

СДСМ денес ќе одлучи кој ќе биде нов министер за финансии

СДСМ денес ќе одлучи кој ќе биде нов министер за финансии

Централниот одбор на владејачката СДСМ, на денешната седница, треба да ја утврди Нина Ангеловска, ко-основач и извршен директор на платформата „Групер“, за кандидат за нов министер за финансии.

Ангеловска ја прифатила поканата од премиерот Зоран Заев да раководи со ресорот финансии во Владата.