Никола Андонов познат стопанственик од село Колешино е кандидат на СДСМ за претстојните локални избори што ќе се одржат на 21-ви април заедно со претседателските во општина Ново Село.
Одлуката е донесена денеска на средбата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев со општинското раководство и евидентираните кандидати за градоначалник.
Во Ново Село ќе се избира нов градоначалник, бидејќи поранешниот градоначалник од СДСМ Боро Стојчев, поднесе оставка откако беше осуден на затворска казна за обид за шверц на цигари.
Никола Андонов ја извршуваше функцијата градоначалик на Ново Село во периодот од 2005 до 2009 година.