Актуелно 22.01.2019 12:43

СДСМ од опозиција ги критикуваа економските промотори, сега ќе отвораат три нови канцеларии низ светот

СДСМ од опозиција ги критикуваа економските промотори, сега ќе отвораат три нови канцеларии низ светот

Владата на СДСМ  уште кога дојде на власт  реши да ги укине странските промотори кои ги воведе претходната влада од ВМРО ДПМНЕ со изговор дека се премногу скапи и дека нивната работа нема ефект .

 

Имено, Владата кога беше во опозиција на големо го критикуваше ваквиот концепт за привлекување на инвестиции за сега  да најави дека ќе отвори канцеларии во светот во  три земји преку кои ќе се промовираат предностите за вложување во Македонија и ќе се продаваат домашните производи надвор. Така,  Владата размислува да отвори канцеларии во Германија, САД и најверојатно во Турција во кои ќе вработи по десетмина луѓе со што пак се сведува на бројката која ја имаше ВМРО ДПМНЕ а тоа се околу 30 луѓе кои ќе пробаат да донесат странски капитал за развивање на економијата.

Според експертите новиот концепт на власта не е воопшто нов  и дека залудни беа сите изјави во јавноста дека концептот  економски промотори воопшто нема резултати кога најголемите инвестиции беа донесени во време на владеење на ВМРО ДПМНЕ.  Експертската јавност постојано упатува критики кон економскиот тим на актуелната Влада поради потфрлање во делот на странските инвестиции. Тие коментираат дека освен една сендвичара оваа Влада не може да се пофали ниту со една поголема странска инвестиција.