Актуелно 16.09.2018 11:46

СДСМ со сендвичи и автобуси од Делчево ќе ја бара Европа на митингот во Скопје (ФОТО)

СДСМ со сендвичи и автобуси од Делчево ќе ја бара Европа на митингот во Скопје (ФОТО)

СДСМ со сендвичи и автобуси од Делчево ќе ја бара Европа на денешниот митинг во Скопје.

Организирано, со околу 7 автобуси, 5 комбиња и повеќе коли, граѓани се упатуваат кон Скопје за закажаниот марш во главниот град.

Според информациите, сендвичите на граѓаните им ги дели раководител на филијала на Комерцијална банка во Делчево.

Од досега виденото, на собирите организирани од власта, народот јасно им порачува дека е против промена на името.

Местата каде што се закажани овие трибини се празни, бидејќи граѓаните не сакаат да ги слушнат говорите на Зоран Заев и на неговите сопартијци кои се обидуваат да ги натераат да поддржат промена на уставното име.

Социјалдемократите секојдневно ја примаат пораката од народот дека нема да бидат поддржани ваквите нивни политики.

Слаба поддршка од граѓаните за власта имаше и во Делчево, Кочани, Охрид, Битола, скопска Гази Баба, Кавадарци…