Економија 03.09.2018 23:20

Се бараат берачи на мандарини – дневница одлична, но има една замка

Се бараат берачи на мандарини – дневница одлична, но има една замка

Во Хрватска е објавен оглас во кој се нудат 500 куни дневно за берба на мандарини, пишува Слободна Далмација.

Бербата трае два месеци, а дневницата е 500 куни, пишува во огласот.

Ако се исплаќа таа дневница и ако се работи 60 дена, може да се заработат неверојатни 30.000 куни.

Треба да се вложи доста труд затоа што за оваа сума се бара да се берат дневно по 50 гајби овошје.

Ако секоја гајба има по 20 кг, тоа значи дневно да се наберат 1000 кг.

Износот е примамлив, но медиумот коментира дека не е јасно дали работодавецот ќе најде некој кој ќе одговори на ова барање.

фото Слободна Далмација