Живот 22.10.2024 11:55

Се ближат славите, се качуваат цените – фурните за печење месо имаат нови ценовници

Се ближат славите, се качуваат цените – фурните за печење месо имаат нови ценовници

Со приближувањето на сезоната на слави, голем број скопјани почнуваат да ги планираат традиционалните прослави, кои најчесто вклучуваат и печење месо во фурни.

Сепак, оваа година многумина се соочуваат со значително повисоки цени за оваа услуга.

Според информациите од неколку фурни во Скопје, цените на печењето по ограм месо бележат забележлив пораст, што предизвикува загриженост кај граѓаните кои се подготвуваат за претстојните празници.

Во неколку фурни низ градот, цените за печење свинско месо се движат околу 1.500 денари, додека печеното јагнешко поскапело за околу 300 денари, достигнувајќи високи цени кои надминуваат 2.000 денари.

Овие поскапувања доаѓаат во време кога многумина се жалат на општата скапотија и зголемувањето на животните трошоци.

„Поскапувањето е нормално за овој период“

Според вработен во една од фурните во Карпош, ваквото окпување не е неочекувано.

Тој објаснува дека во овој период од годината, побарувачката за печење месо традиционално расте, што природно доведува до зголемување на цените.

Секогаш кога се приближуваат празниците и славите, побарувачката за печење се зголемува, а тоа влијае на трошоците на услугите. Нашите фурни работат со зголемени капацитети, и затоа е нормално да има поскапување“, вели вработениот, кој инсистираше да остане анонимен.

Цените на месото, горивото и другите трошоци, како електричната енергија, исто така пораснаа, што придонесе за ваквото окачување, додава нашиот соговорник.

Тој исто така посочува дека фурните вложуваат многу труд во подготовката на квалитетно печење, а зголемените трошоци се неминовни за да се одржи квалитетот на услугата.

„Знаеме дека за многумина ова е скап период, но се трудиме да обезбедиме висок квалитет. Секако, клиентите можат сами да одлучат дали ќе ја користат нашата услуга, но веруваме дека квалитетот е тоа што ги привлекува луѓето да се вратат секоја година“, додава тој.

Граѓаните загрижени за скапотијата

Од друга страна, граѓаните, кои раицонално се потпираат на услугите на фурните за време на празниците, велат дека зголемувањето на цените е дополнителен удар врз нивниот домашен буџет.
Еден скопјанец, кој и годинава планира да прослави слава со семејството, вели дека порастот на цените го става во дилема дали да го користи овој начин на подготовка на јадењето.

„Секоја година печеме месо во фурна за славата, но оваа година цените се навистина високи. За дваесетина гости, кога ќе ги собереш сите трошоци – месо, печење, пиење, храна – сѐ станува многу скапо. Размислувам дали оваа година да е обидам да го печам месото дома, но тоа исто така бара многу време и труд – изјави Милан Драгутиновиќ од Ѓорче Петров.

Тој додава дека покрај скапотијата, забележува и други зголемени трошоци, што дополнително го притиска семејниот буџет.

„Не е само печењето, тука се и другите трошоци кои се покачуваат – струјата, пазарот, секојдневните трошоци. Нема да биде лесно оваа година“, вели тој, додавајќи дека славите, кои некогаш беа симбол на традиција и заедништво, сѐ повеќе стануваат финансиски предизвик за многу семејства.

Колку ќе трае трендот на поскапување?

Иако дел од фурните посочуваат дека зголемените цени се привремени и дека се поврзани со сезонските побарувања, останува прашањето колку долго ќе трае овој тренд.

Многу од граѓаните изразуваат загриженост дека ваквите поскапувања ќе продолжат, дури и по празничниот период, особено ако трошоците за производство и гориво продолжат да растат.
Во вакви услови, останува да се види дали граѓаните ќе продолжат да ги користат услугите на фурните или ќе се свртат кон алтернативни решенија.

Сепак, едно е јасно – со приближувањето на слаите, мноумина се соочуваат со тешки одлуки во врска со своите трошоци.

Извор: denar.mk

Најнови вести