Економија 07.09.2018 17:17

Се ближи крајот на криптовалутите

Се ближи крајот на криптовалутите

Пазарот на криптовалути падна после известувањето на Голдман сакс дека ги запира плановите за тргување со криптовалути.

Само биткоинот во последните 48 часа изгуби 1000 долари. Цената на етерумот паднала 13 отсто за 24 часа додека риплот паднал 6 отсто. Биткоин кеш потонал за 12 отсто.

Најголемата дигитална валута на светот паднала околу 10 проценти на најнизок износ од 6,279.08 долари. Се тргнало низбрдо откако Голдман сакс, гигантот на Волстрит соопшти дека го повлекува својот план и дека и понатаму гледа неизвесност во поглед на регулацијата на тој пазар. Негативните вести се нижат од последниот месец  и Комисијата за хартии од вредност уште еднаш ги одби предлозите биткоинот да се регулира.

Најголем проблем засега кој го наведуваат регулаторите е анонимноста при тргувањето со биткоинот. Тука се и гласините за „биткоин кралевите“, кои имаат огромни суми во свои раце и кои би можеле со својата една трансакција да го пореметат пазарот.

Европските министри за финансии во петок, денеска на неформална средба во Виена ќе разговараат за иднината на виртуелните валути.