Актуелно 13.12.2023 12:06

Се договараат деталите за влезот на „ШАХТЕРМ“ во Македонија која инвестиција изнесува 70 милиони евра

Се договараат деталите за влезот на „ШАХТЕРМ“ во Македонија која инвестиција изнесува 70 милиони евра

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на Фејсбук ја објави информцијата и фотографии од средбата со сопственикот на турската компанија „Шахтерм“, Фарук Шахин, кој престојува во Северна Македонија за финализирање на деталите околу најавената инвестиција во ТИРЗ Скопје.

„Тема на разговор беа постојаните добри односи со Република Турција, кои позитивно влијаат на зајакнувањето на економската соработка. Нивниот интерес за инвестиција е одличен показател за значајната улога на економската дипломатија во промовирањето на условите за инвестирање и привлекувањето на директни странски инвестиции.

Од компанијата информираа декa инвестицијата е предвидена за реализација во период од 10 години и е во износ од 70 милиони евра а се планира вработување на над 1000 работници“, се вели во објавата на Османи.

()