Економија 16.11.2018 17:45

Се очекува „Walmart“ да го претекне „Apple“ во големина како продавач на мало

Се очекува „Walmart“ да го претекне „Apple“ во големина како продавач на мало

Американскиот трговец на мало „Walmart Inc.“ ги објави резултатите од третиот квартал што ги надминаа очекувањата на аналитичарите, објави „Ројтерс“.

Компанијата, исто така, ги зголеми своите предвидувања за годишниот профит, бидејќи силната економија ја зголеми продажбата во синџирот на продавници, како и онлајн нарачките.

Сепак, профитот на „Walmart“ и понатаму е под притисок. Маргините се погодени од повисоките транспортни трошоци и инвестициите во онлајн трговијата.

Големите трошоци за корисниците помогнаа на бројни трговците да остварат силни биланси во третиот квартал, пред празниците од крајот на октомври, и покрај финансиските стимулации кои „Walmart“ ги направи во својот онлајн бизнис.

Приходите од продажбата на намирници достигнуваат 56% од вкупните приходи, а компанијата ја прошири својата програма за испорака на храна, која им овозможува на клиентите да порачаат онлајн и да избираат производи од 2.100 продавници во САД.

Се очекува „Walmart“ да го претекне „Apple“ како третиот по големина продавач на мало при продажбата за оваа година, останувајќи единствено зад „Amazon“ и „eBay“.

Прогнозите се компанијата да заработи 4% од онлајн продажбата во САД, или околу 20,9 милијарди долари, што е за 3,3% повеќе во споредба со една година порано.

Продажбата во продавниците на компанијата, кои функционираат од најмалку една година, се зголемуваат за 3,4 отсто за периодот јули-септември, што успева да ги совлада прогнозите од 2,87%.

Онлајн продажбата е зголемена за 43 отсто, што е повеќе од резултатот за претходниот квартал (40 отсто).

На меѓународно ниво продажбата на „Walmart“ оствари раст од 1,6 отсто до 30 милијарди долари, а во Индија, еден од клучните пазари, компанијата претрпува неуспех.