Актуелно 20.03.2019 19:48

Се огласи МЗ: Лекарите на КАРИЛ повеќе од еден месец правеа сѐ за да ја спасат 19-годишната девојка која почина денеска

Се огласи МЗ: Лекарите на КАРИЛ повеќе од еден месец правеа сѐ за да ја спасат 19-годишната девојка која почина денеска

На Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ, денеска почина уште една жртва од страшната сообраќајна несреќа, која се случи на 13-ти февруари на автопатот Скопје-Тетово, кај селото Ласкарци.

Станува збор за деветнаесетгодишната девојка, на која и беше ампутирана ногата. Лекарите на КАРИЛ повеќе од еден месец правеа сѐ за го спасат нејзиниот живот. Изразуваме длабоко сочувство до фамилијата, велат од Министерството за здравство.

Инаку, ова е 16. жртва на несреќата кај Ласкарци.

Најнови вести