Живот 10.03.2021 15:37

Се огласи сестрата на Меган Маркл по фамозното интервју и уште повеќе ја шокираше јавноста

Се огласи сестрата на Меган Маркл по фамозното интервју и уште повеќе ја шокираше јавноста

По објавувањето на интервјуто што принцот Хари и Меган го имаа со Опра Винфри, реакциите не стивнуваат… А сега и полусестрата на Меган Маркл, Саманта Маркл, ги изнесе своите впечатоци во јавноста.

Имено, Меган во интервјуто се осврна и на нејзиниот однос со Саманта, велејќи дека иако пораснале со ист татко, таа не ја познава добро својата полусестра.

Вистината беше целосно игнорирана и изоставена… Не знам како може да каже: „Не ја познавам“… Ние имаме заеднички фотографии од минатото. Па, како може да не ме познава?“, изјави Саманта за „Inside Edition“ во понеделникот.

Саманта сподели и нивни заеднички фотографии, вклучително и една од нејзината матура во 2008 година. Таа тврди дека фотографијата, направена пред 13 години, е во спротивност со коментарот на Меган која истакна дека со Саманта последен пат се виделе пред 18, 19 години.

Саманта го коментираше и тврдењето на Меган дека нејзината полусестра си го сменила презимето во Маркл откако Меган започнала врска со Хари, таа ги демантираше овие тврдења.

Јас бев Маркл пред неа. Чудно е што вели дека сум си го променила презимето кога се запознала со Хари. Маркл отсекогаш било моето презиме“, рече Саманта.

На прашањето за изјавата на Меган дека размислувала за самоубиство, Саманта рече:

„Депресијата не е изговор да се однесувате кон луѓето како ѓубре и да се ослободите од нив кога веќе нема да ви требаат“.