Актуелно 25.03.2019 12:09

Се огласи таткото на прободеното момче со нож пред дискотека од страна на синовите на висок функционер вработен во МВР

Се огласи таткото на прободеното момче со нож пред дискотека од страна на синовите на висок функционер вработен во МВР

Таткото на прободеното момче со нож во саботата во дискотека од страна на двајца синови на висок функционер вработен во МВР се огласи преку својот Фејсбук профил:

Ги земав личните предмети на син ми од болница, меѓу нив има лични документи и парфем, нема нож како што имале сторителите, така сум го воспитал да ги сака луѓето, да помогне каде што може, правеше големи сметки на телефон донирајќи за некоја објава за помош на лица за кои се собираа парични средства потребни за лекување. За разлика од него сторителите синови на висок функционер излегуваат на забава со ножеви, се прашува ли некој надлежен со каква цел е излегувањето на млад човек во дискотека со нож…., стои во статусот на таткото на прободеното момче.