Актуелно 22.02.2021 00:35

Се отвораат гепеци- еве каде полицијата го бара Мијалков

Се отвораат гепеци- еве каде полицијата го бара Мијалков

Очевидци тврдат дека МВР ги провеуав сите возила кои се движат кон косовската граница во близина на селото Визбегово.

При проверката на возилата кои се движат кон косовската граница мораат сите запрени возачи мораат да ја отворат петтата врата односно багажниците.

Проверките се случуваат откако МВР вечерва на две локации не можела да го пронајде екс шефот на УБК кој се соочува со затворска казна од 13 години.

Според сознанија на медиумот 24 Info, Мијалков е недостапен за полицијата, па по него е распишана потерница.

Претходно од Кривичен суд по барање на Обвинителството му определиле куќен притвор поради случајот „Таргет-Тврдина“ за кој треба да има пресуда во среда.