„Се продава Офицерскиот дом во Битола, за подетални информации обратете се во општината или кај градоначалничката Наташа Петровска“. Вакви написи осамнаа денеска во Битола, а општината и градоначалничката добија очигледна порака од своите сограѓани.
Битолскиот Офицерски дом е оставен на забот на времето.
Општината предводена од градоначалничката Петровска, не води никаква грижа за овој објект- споменик на културата, па томку затоа членови на УМС на ВМРО-ДПМНЕ одлучија да ги потсетат градските власти за состојбата во која се наоѓа обележјето на Битола.