Економија 09.08.2024 09:14

Се распаѓа „Романска златна порта“ – проектот кој вредеше 500 милиони евра мора на поправка

Се распаѓа „Романска златна порта“ – проектот кој вредеше 500 милиони евра мора на поправка

На мостот Браила во Романија, кој во оваа земја го нарекуваат „Романска златна порта“, ќе треба да се реконструираат бројни делови, само една година по неговото отворање.

Мостот чија изградба чинеше 500 милиони евра, од неговото отворање е предмет на бројни реновирања, а претставници на патните компании најавија дека на мостот ќе треба да се истури нов слој асфалт, бидејќи патот станал нерамномерен поради на топлина.

Од јули минатата година на мостот се појавија бројни проблеми, а романски „Диги24“ пишува дека е утврдено дека некои завртки на мостот не биле правилно затегнати и дека во сидровите блокови се појавила инфилтрација на вода.

„Мостот во целина мора да се преуреди и да се направи водоотпорен за да не се повторат вакви проблеми“, се наведува.

Со вкупна должина од 1.975 метри, мостот Браила е најдолг во Романија и трет најдолг висечки мост во Европа. Истовремено, овој мост ќе г поврзува романскиот регион од Молдавија со источниот дел на земјата, а прелиминарните проценки укажуваат дека преку него дневно ќе поминуваат 5.000 автомобили.

„Мостот е дизајниран да има работен век од 120 години. Ќе има центар за мониторинг и контрола кој трајно ќе ја снима состојбата на мостот. На важни точки на мостот се инсталирани преку 50 сензори. Со цел да се обезбеди издржливост и висока антикорозивна заштита, воздухот на мостот ќе биде сув, а релативната влажност ќе се одржува под 40 проценти“, објасни романскиот министер за транспорт, Јонел Скриостану, минатиот јули.

За изградбата на овој мост се искористени 52.360 тони челик и 297.000 тони бетон. Се наоѓа помеѓу градот Браила на истокот на Романија и областа Тулчеа, која се наоѓа на брегот на Црното Море.