Александра Пилева, девојката со моќен, ангелски глас по потекло од Неготино, во 2013 година ја напушти Македонија и со своето семејство се пресели во САД. Таа е мајка на Лука, а нејзиниот сопруг е поранешниот тренер на женската одбојкарска репрезентација, Зоран Чадиев, потсетува порталот Црнобело во својата сторија за Пилева.
Македонската јавност за првпат ја запозна Александра во 1998 година на Макфест со песната „Ти си тој“.
Со полни 22 години таа беше „најстарата“ финалистка на манифестацијата Плеј – потрага по ѕвезди. На големото финале ја изведе песната „Ангел мој“, којашто беше наградена со една од двете специјални награди.
Во 2004 на Макфест таа настапи со песната „Нема Утеха“ и ги доби наградите Гран При, прво место од публиката и награда за најдобар глас од акредитираните новинари.
Во 2005 година, Пилева беше избрана како една од шесте кандидати за претставници на Македонија на Евровизија 2005.
Откако го поминала полуфиналето, во финалето се натпреваруваше против Мартин Вучиќ, и изведе четири композиции, од кои песната „Сонце и месечина“.
Таа победи со телефонските гласови, но, Мартин Вучиќ освои повеќе бодови од жирито и публиката со што беше избран за претставник на Евровизија. После ова, таа го издаде својот албум Сонце и месечина.
Повеќе може да прочитате на crnobelo.com…