Економија 25.09.2018 08:59

Се создава најголемата светска компанија за производство на злато

Се создава најголемата светска компанија за производство на злато

Канадската компанија “Barrik Gold” се согласи да ја купи “Rendgold Resources”, компанија со седиште во Џерси, во Ламанш, за 6,1 милијарди долари во акции, создавајќи ја најголема светска компанија за рударење злато во вредност од 18 милијарди долари.

Акционерите на “Barrik Gold”, со седиште во Торонто, ќе добијат околу 66,6 отсто од сопственоста на споената компанија, која ќе претставува мешавина на рудници на Rendgold во Африка и на имотот на Barik во Северна и Јужна Америка.

“Barrik Gold” утрото пред официјалното отворање на берзата се зголеми за повеќе од 3,0 отсто, додека акциите на Rendgold скокнаа за повеќе од 6 отсто.

Се планира договорот да се спроведе до првиот квартал од 2019 година.