Актуелно 10.03.2019 12:22

Се урна авион со 149 патници- Нема информации дали има преживеани

Се урна авион со 149 патници- Нема информации дали има преживеани

Патнички авион „боинг 737“ на „Етиопијан ерлајнс“ се урна на летот од Адис Абеба кон Кенија, потврдија властите.

Се верува дека во авионот биле 149 патници и осум члена на екипажот и засега нема информации дали има преживеани. Од компанијата соопштија дека авионот се урнал набргу по полетувањето од аеродромот во Адис Абеба, главниот град на Етипоија.

„Сочувство до сите семејства кои ги изгубија саканите во оваа несреќа“, изјави премиерот на Етиопија, Абиј Амед.