Актуелно 04.05.2020 12:41

Се урна хеликоптер на МВР (ФОТО)

Се урна хеликоптер на МВР (ФОТО)

Хеликоптер на МВР денеска се урнал на аеродромот во Петровец. Според информациите на „Република“ нема загинати, ниту тешко повредени во несреќата. Полесно повредено е едно лице.

Се работело за тренажен лет, а во моментот хеликоптерот се полнел со гориво, по што се превртел. Причина за несреќата, веројатно, е и силниот ветер утрово.

На местото на настанат пристигнаа и пожарникарски екипи.