Актуелно 16.04.2019 13:00

Седи кец! Според премиерот горивата поскапеле само три денари по литар, вистината е далеку поскапа (ВИДЕО)

Седи кец! Според премиерот горивата поскапеле само три денари по литар, вистината е далеку поскапа (ВИДЕО)

„Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскапува“, „Нафтата поскапува – колку е цената?“, „Горивата поскапуваат: Регулаторна со повисоки цени“. Ова се насловите во медиумите кои ги одбележаа последните две години. Но, сепак според премиерот Зоран Заев горивата се поскапени само по 3 денари во времето на владеење на неговата Влада.

Embedded video

Трале ТраЛаЛа???@BaceTrajce

Веселата математика на @Zoran_zaev:

15ти април 2017
-дизелот 47ден
15ти април 2019
-дизелот 62.5ден

Прецизно пресметано (бидејќи на премиерот му одела математиката како дете) тоа е 2.7 денари разлика.. ?

18 people are talking about this

Од 1 јануари 2018-та година се зголеми акцизата за нафта за 3 денари, а како што најавија тогаш од Владата со таа мерка се очекува да се соберат дополнителни приходи од 1,6 милијарди денари кај акцизата и 350 милиони денари кај ДДВ-то во Буџетот, односно тоа се околу 32 милиони евра дополнителни трошоци за граѓаните. При тоа малопродажната цена на дизелот се зголеми за 3,54 денари.

Малопродажната цена на дизелот пред две години изнесуваше 46 денари по литар, а на еуросуперот беше 59,50 денари.

Со последната одлука на Регулаторната Комисија за енергетика се изврши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,93%, односно за 3,21% во однос на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РепубликаМакедонија од 01.04.2019 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,00 ден/лит, односно за 2,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 01.04.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 71,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 73,00 ден/лит.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 01.04.2019 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,080 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 01.04.2019 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 34,455 ден/кг.