Актуелно 26.03.2019 09:36

Седници на три собраниски комисии

Седници на три собраниски комисии

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за надворешна политика и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Иницијативата за надзорна расправа по Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување, поднесена од пратеникот Панчо Минов, како и Предлог – законот за инспекциски надзор во второ читање.

Членовите на Комисијата за надворешна политика ќе ги разгледаат Предлог-законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Големото Војводство Луксембург за размена и заемна заштита на класифицирани информации, како и Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Црна Гора за уредување на меѓусебните имотно-правни односи.

Овие два предлог закони, како и Предлог – законот за инспекциски надзор во второ читање се на дневен ред и на Законодавно-правната комисија.