Актуелно 25.03.2019 14:45

Седум кандидати за екперти за Kомисијата за надзор на следење на комуникациите

Седум кандидати за екперти за Kомисијата за надзор на следење на комуникациите

На денешната седница Комисијата ќе спроведе интервјуа со седуммината кандидати.

– За потребите за поддршка на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите отворивме јавен конкурс на кој се пријавија седуммина кандидати, од кои ќе биде направен изборот на двајца технички експерти. – рече Емил Димитриев.

На негов предлог Комисијата едногласно одлучи интервјуата да се спроведуваат на затворен дел на сединцата.

– Бидејќи овие седум кандидати аплицираат за работа на која претежно ќе се опрерира со класифицирани документи иинформации, но и поради тоа што на интервјуата ќе се гледаат и лични податоци, предлагам Комисијата нив да ги спроведе на затворена седница. – рече Димитриев.

По спроведувањето на интервјуата кандидатите ќе одат на безбедносна проверка, а нивниот избор, како што рече Димитриев, ќе се направи по завршувањето на изборите.