Актуелно 05.04.2019 17:01

Седум лица каснати од кучиња скитници за еден ден: Тетанус нема, граѓаните оставени сами да се снаоѓаат

Седум лица каснати од кучиња скитници за еден ден: Тетанус нема, граѓаните оставени сами да се снаоѓаат

Речиси секој ден во полицискиот билтен има по најмалку еден случај на каснат од куче. Во текот на вчерашниот ден, каснати од кучиња скитници се седум лица.

На 04.04.2019 во 17:30 часот во Полициската станица Радовиш, Р.Х.(66) од Радовиш пријавила дека истиот ден околу 16:30 часот на улица „Вардарска“ во Радовиш била касната од куче скитник на левата потколеница.

На 04.04.2019 во 18:30 часот во Полициската станица Радовиш, С.К.(56) од Радовиш пријавила дека истиот ден околу 16:00 часот на булевар „Александар Македонски“ во Радовиш била касната од куче скитник на левата потколеница.

На 04.04.2019 во 10:20 часот во Полициската станица Радовиш, С.К.(56) од Радовиш пријавила дека истиот ден околу 10:00 часот на улица „22 Октомври“ во Радовиш била касната од куче скитник во пределот на десната нога.

На 04.04.2019 во Полициската станица Гостивар, Д.Г.(69) од Гостивар пријавила дека на 03.04.2019 околу 19:30 часот на улица „Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар нејзиниот 17-годишен син бил каснат од куче скитник на левата нога.

Во Полициската станица Чаир, К.А.(31) од Скопје вчера пријавил дека на 3 април 2019 околу 20.30 часот на улица „Диме Мечето“ неговата 12- годишна ќерка била касната од куче скитник во пределот на десната и левата потколеница.

Исто така, вчера во 22.05 часот во Полициската станица Аеродром, Л.Д.(19) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 19.00 часот на булевар „Србија“ била касната од куче скитник во пределот на десната рака.

Во 09.00 часот пак, во Полициската станица Демир Капија, З.П.(34) од Демир Капија пријавил дека вчера околу 06.00 часот бил каснат од куче скитник.

Инаку, на Клиниката за Инфективни болести речиси една недела немаат тетанус вакцина или серум.

Од Инфективна информираат дека ги потрошиле количините бидејќи имаат зголемен број на пациенти кои имаат потреба од ваква терапија, а кај нив доаѓале и од другите градови.

Нејасно е што прават пациентите ако не најдат лек во аптека.