Актуелно 31.08.2018 11:31

Сеизмолошката опсерваторија со детали за земјотресот кој утринава ја стресе Македонија

Сеизмолошката опсерваторија со детали за земјотресот кој утринава ја стресе Македонија

Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван изутрината во југозападна Македонија.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот на земјотресот е во соседна Грција. Земјотресот бил со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала и е регистриран во 09:12 часот.