Финансии 11.12.2018 19:31

Секој ќе има банкарски кредитен рејтинг следната година

Секој ќе има банкарски кредитен рејтинг следната година

Со личен кредитен рејтинг на граѓаните од следната година ќе им биде полесно и за нив и за банките во добивањето, однпсно одобрувањето на кредит. Колку тој е повисок, толку се полесни шансите за добивање на кредитот, велат од Македонско кредитно биро.

Од таму велат дека оваа реформа ќе ја спроведат со меѓународни финансиски институции.

„За секој граѓанин е важно да знае во ова време на динамика каде должи, што должи и колкав износ на обрски има да може и да има увид и да не се соочи со со зголемување на трошоците во надмирување на обврските“, рече Тони Трајановод Македонско кредитно биро за Алсат ТВ.

Во Македонија вкупно 1,2 милиони граѓани се задолжени на кредитни картички, а 140.000 се жиранти.

Како втора новинба најавуваат дека подостапна ќе им биде и информацијата кој и по кој основ им ја блокирал сметката.

Инаку Бирото располага со информации за сите обрски кои ги имаат граѓаните кон фирмите, банките, државните и јавни институции.