Секоја земја на овој свет има своја сопствена традиција која сите треба да ја почитуваме.
За сите нас кои сакаме патувања многу е важно да бидеме свесни при почитувања на тие правила и традиции при посета на тие земји.
Па така во Франција на пример никогаш не зборувал или прашувај некого за пари, тој разговор е нељубезен особено ако сте во Франција.
Во Украина немојте да подарувате цвеќе, бидејќи како и во многу словенски земји подарувањето цвеќе се прави само на гробовите.
Во Нов Зеланд не свири бидејќи ќе ги навредите луѓето. Свирењето со автомобил често е навредување на другиот возач во сообраќајот.
Во Јапонија немојте да оставате бакшиш, бидејќи добивање на професионална услуга во оваа земја е нормално.
Во Мексико немојте да се навредите или налутите на вицевите на локалните луѓе бидејќи луѓето сакаат да прават многу шеги и смеа.
Во Норвешка не прашувајте за посета во црква, Норвежаните ова го сметаат за грубо прашање, бидејќи многу од луѓето не идат во црква.
Во Турција немојте да го покажувате гестот ОК, бидејќи тоа е навредувачки за Турците.
Во Сингапур не јадете на јавниот превоз, а исто така не смеете да храните птици и фрлате ѓубре на улица.
Во САД не заборавајте да оставите бакшиш, за разлика од Јапонија во САД во зависност од услугата зависи и големината на бакшишот.
Во Италија не нарачувајте капучино во рестораните, тоа секако можете да го направите, но келнерот ќе биде многу изненаден, бидејќи тоа се пие вообичаено за појадок.
Во Кина немојте да давате часовник или чадор за подарок бидејќи тоа носи несреќа.
Во Велика Британија не прашувајте колку луѓето заработуваат бидејќи ова е непријатно прашање за Англичаните.
Во Ирска не се обидувајте да го имитирате нивниот нагласок бидејќи тие не сметаат дека имаат акцентирање.