Актуелно 24.11.2018 12:58

Села побара техничка влада

Села побара техничка влада

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, во интервју за меѓународниот “ЕУ обсервер”, зборуваше за политичките случувања во Македонија. Зборувајќи за процесот на уставните измени во парламентот, тој апелираше до политичките партии да се обединат и да го отворат патот за формирање на техничка влада.

„Ги повикувам сите лидери на политичките партии да седнат заедно и да постигнат договор, така што новиот устав ќе ги адресира овие проблеми во вистински европски дух. Ова ќе го отвори патот за воспоставување на техничка влада која има легитимитет, како и кредибилитет за измена на уставот пред да одат на предвремени избори “, рече Села.