Мозаик 11.12.2018 19:08

Семејните проблеми се знак дека имате успешен брак

Семејните проблеми се знак дека имате успешен брак

Најчестите семејни кавги во бракот се предизвикани од прекорите на сопругата врз сопругот, кои тој, неволно ги прима, а истите можат да бидат заслужени.

Неопходно е да се откријат вистинските причини за тие прекори. Најчесто нивен причинител е желбата на споругата, нејзиниот сопруг да биде подобар отколку што тој навистина е.

Во тие случаи сопругата станува совест на сопругот и тој треба да ги прифати нејзините укори. Мажот е склон, особено во бракот, да дозволува нештата да се одмакнуваат. Сопругата, пак, го отклонува сопругот од тоа и очекува најчесто многу повеќе под него.

Во таа смисла, семејните караници, колку и да звучи тоа чудно, се доказ дека бракот е остварен (а не само планиран). Бракот значи дека двајца луѓе станале една личлност, а во тој нов човек сопругата ја игра улогата на совест.

Затоа караниците во бракот се дури и корисни, огнот на караницата го согорува сиот оган на гневот и несогласувањето, кое понекогаш го акумулираме во подол период. Заедничкото објаснување е проследено со чувство на целосен мир и спокој – се‘ е разјаснето.

Тогаш се ослободени најголемите дарови на духот: влегувајќи во заедница со друг, почнуваме да разговараме за најпрекрасни нешта, достигнуваме полно единство на душата и умот.