Сепак не била Финска, туку уште една лажна вест за наводни реформи на Заев, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Владата е извор на лажни вести, бидејќи директно од Финска ја демантираат дека министерството за образование во Македонија прави образовни реформи како во Финска. Во Финска историја е задолжителен предмет за сите ученици во основно и во средно училиште. Во основата на новата наставна програма во Финска значењето на историјата и историските вештини се уште повеќе засилени и зацврстени. Владата веднаш да се повлече од укинувањето историја и најавените експерименти во образованието. Се виде дека не се работи тука за стандарди, туку за лаги на Заев и министерката која шири зараза од лажни вести Мила Царовска, потенцираат од партијата.
Во соопштението додаваат дека после сето ова Владата и Заев да се извинат на сите граѓани што ги доведоа во заблуда. Владата освен на корупција е главен извор на лажни вести. Заразата е неизлечива.