Актуелно 24.06.2024 08:40

Сезонска работа на Јадранот: Високите плати и добрите услови привлекуваат многу Балканци и оваа година

Сезонска работа на Јадранот: Високите плати и добрите услови привлекуваат многу Балканци и оваа година

Годинава многу Балканци се одлучија за сезонска работа во Хрватска, Црна Гора и Словенија, каде ги пречекуваат атрактивни плати, сончеви денови и опуштена атмосфера.

Иако Истра го зазема водечкото место, угостители генерално се потребни насекаде, пред се келнери и готвачи. Сепак, како и претходните години, има работа и за многу други професии.

Според српските медиуми, келнерите во Хрватска можат да заработат од 1.500 до 2.000 евра месечно, без бакшиш.

Готвачите можат да заработат до 3.000 евра, додека хостесите и собарките добиваат околу 1.000 евра месечно. Покрај платата, повеќето сезонски работници добиваат и бесплатно сместување и храна.

Работењето во Хрватска не е лесно. Сезоната обично трае од 4 до 6 месеци, а работните денови се долги, со малку слободно време. Работниците мора да бидат подготвени за физички напорна работа и работа под стрес.

Еден од сезонските работници во Хрватска е Станимир од Белград, кој веќе втора година доаѓа на работа во Рогозница. По професија е готвач и ужива во својата работа и во контактот со луѓето, поради што веднаш му се допаднала идејата да работи на отворено во еден од рестораните веднаш на плажа. Во интервју за регионалните медиуми тој вели дека денот на море му започнува рано наутро.

„Тимот е навистина одличен, па убаво е кога доаѓам на работа. Комуникацијата со гостите е одлична, особено затоа што работам на отворено, па сите се таму и гледаат додека работам. Тоа е голем плус и повеќе искуство, тие ја сакаат мојата храна Навистина е посебно чувство кога гледам гости кои дојдоа минатата година сега се враќаат и ме поздравуваат“, раскажува Станимир.

Како што вели, работата е потешка отколку во Белград, но не чувствува притисок, иако обврските не му даваат многу слободно време.

„Бидејќи скарата сочинува 80 проценти од нарачките, навистина има многу работа во мојот оддел, па нон-стоп сум таму – од 12 на пладне до почноќ. За останатите вработени важи двократно работно време. Сега веќе се навикнав, но на почетокот беше тешко, особено без слободен ден, пишува Јутарњи лист.