Како што соопшти МНР, министерот Димитров на средбата со Самуелсен ќе го информира својот колега за реформските активности на Владата на Репбулика Македонија во клучните области, а посебен акцент ќе биде ставен на поддршката од Данска во процесите на пристапување на нашата земја во европските и евро-атлантските структури.
Воедно, ќе бидат разменети мислења и предлози за натамошно унапредување на билатералната соработка во повеќе сфери од заемен интерес, интензивирањето на политичкиот дијалог на високо ниво, како и за состојбите во регионот и пошироко.
Ова е прва посета на дански министер за надворешни работи на Република Македонија после 16 години, посочуваат од македонското МНР.