Актуелно 06.07.2020 17:08

Шекеринска во домот на Боки 13 со Катица Јанева- во друштво на двајца осуденици на 7 и 9 години затвор (ВИДЕО)

Шекеринска во домот на Боки 13 со Катица Јанева- во друштво на двајца осуденици на 7 и 9 години затвор (ВИДЕО)

И додека власта ги крие блиските средби со Бојан Јовановски попознат како Боки 13 јавноста е се повеќе поголем сведок дека власта била дел од рекетирањето за кое Боки 13 алудира веќе со месеци.

И додека Боки 13 веќе поднесе над 30 кривични пријави против високи функционери на СДСМ за кои тврди дека се дел од Рекетирањето не откривајќи на каков начин, на интернет се појави видео снимка на која се гледа како Радмила Шекеринска и Катица Јанева биле на гости во домот на Боки 13 иако многумина од истите овие функционери од власта предводена од СДСМ тврдеа дека него го познавале само од телевизија.

И додека блискиот однос со функционерите од власта им ги одврзувале рацете на Боки и Катица, Боки 13 неодамна во судот побара парите од милионскиот рекет да ги бараат кај браќата Заеви и дека не се кај него.

Инаку едно од најсомнителните случувања во целиот судски процес за случајот „Рекет“ беше тоа што ниту судот, ниту обвинителството не дозволија да се вештачи телефонот на Бојан Јовановски. Стручната јавност како и граѓаните беа фрапирани од ваквото однесување на правосудната власт, но денешното видео ја објаснува ситуацијата.

Се поставува прашањето што ли уште може да се најде во телефонот на Јовановски, со кој се ли бил близок Бојан Јовановски кој беше осуден на 9 години затвор за случајот „Рекет“.