Економија 09.07.2018 11:50

Шеќеринска и нејзниот кабинет со армискиот хеликоптер се развозувале по кафани низ Македонија! – парите на граѓаните се трошат без усул

Шеќеринска и нејзниот кабинет со армискиот хеликоптер се развозувале по кафани низ Македонија! – парите на граѓаните се трошат без усул

Драган Николиќ, инаку државен секретар во Министерството за одбрана вчера заедно со Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и Катерина Ставревска (шеф на кабинет на Шеќеринска) биле на затварањето на летниот меѓународен кампус, од каде заминале на ручек и дегустација во винаријата „Тиквеш“ со армискиот хеликоптер, пишува „Инфомакс“.

Заедно со нив бил и државниот секретар на Црна Гора кој е во посета на Македонија, објавува порталот.

Согласно правилникот, час летање со армискиот хеликоптер чини 200.000 денари, а ако се има во предвид дека Шеќеринска и нејзиниот кабинет се „расшетувале“ по македонското небо, лесно може да се заклучи дека штетата по буџетот е далеку поголема.

„Додека Шеќеринска и нејзиниот тим се расфрлаат со народни пари, возејќи се во армиските хеликоптери од ручек на ручек, од кафана во винарија и обратно, на листа на чекање на Фондот за здравство за лечење во странство има десетици дечиња, кои во очај бараат донации од граѓаните“, пишува порталот „Инфомакс“.