Актуелно,Финансии 22.12.2018 12:26

Shell влегува во јапонскиот пазар на електрична енергија

Shell влегува во јапонскиот пазар на електрична енергија

Една од најголемите енергетски компании во светот започна истражување на веројатно најбогатиот пазар на електрична енергија, во кој допрва почнуваат да влегуваат странските инвеститори, соопштува „Bloomberg“.

„Royal Dutch Shell Plc.“ отвори мала канцеларија за трговија со електрична енергија во Јапонија, која се наоѓа во својата „пробна фаза“ во проучувањето на купо-продажбата и идентификување на индустриските клиенти.

Втората по големина енергетска компанија по пазарна капитализација бара можности за балансирање на електричната мрежа кога постои несовпаѓање меѓу понудата и побарувачката предизвикани од прекините при ветерната и сончевата енергија.

„Сметаме дека ќе има поголема нестабилност во електричниот систем и понатаму“, изјави Марк Гејнсброу, извршен потпретседател на одделот за нови енергии во „Shell“.

Инвазијата на холандската компанија на јапонскиот пазар за електрична енергија, каде што продажбата достигна 14 илјади милијарди  јени (125 милијарди долари) во 2017-та година, го означува првото сериозно искуство на странска енергетска компанија на островот, во која доминираат локалните претставници на индустријата.

Според „RWE AG“, еден од европските лидери во трговијата со електрична енергија, либерализацијата на енергетскиот пазар може да им овозможи на трговците да го преземат ризикот кој јапонските компании сакаат да го заштитуваат.

Способноста на трговците на мало да помогнат во рамнотежата на електричната мрежа ќе се прошири, бидејќи се повеќе и повеќе комерцијални и индустриски потрошувачи на електрична енергија ќе почнат да произведуваат електрична енергија, рече Бејнсброу.

Јапонија, која добива околу 15% од електричната енергија преку обновливи извори, веќе се соочува со ситуација во која со чистите генератори на енергија треба да се ограничи производството што ја надминува побарувачката.

Земјата не е првиот чекор на „Shell“ во трговијата со електрична енергија. Компанијата прави сериозни операции во Европа, бидејќи неодамна почна да тргува и во Бразил. Таа, исто така, е втор по големина американски трговец, кога станува збор за обемот на продадена енергија, рече Гејнсброу.