Шестгодишно девојче од американската сојузна држава Мичиген се спасило од речиси сигурна смрт откако се засолнило и објавило фотографија од нејзиниот мртов татко на Фејсбук.
На сликата се гледало како нивното куче пит-бул териер го јаде лицето на мртовецот, па по објавата, роднините на девојчето веднаш повикале итна помош. Тоа го спасило и животот на девојчето и на нејзината маќеа.
Откако дошла полицијата, маќеата била пронајдена предозирана и без свест, и веднаш била пренесена в болница.
– Девојчето спаси еден живот, ама преживеало траума од грозоморниот настан, изјави локалниот началник.
Идентитетот на лицата вклучени во овој настан не се открива.
МИА