Актуелно 15.11.2018 13:42

Шесте најбогати министри во Владата на Заев тежат 35 милиони евра

Шесте најбогати министри во Владата на Заев тежат 35 милиони евра

Кочо Анѓушев е најбогат од сите министри. Но интересен податок за јавноста е да се каже дека шесте најбогати функционери во владата се Анѓушев, Бектеши, Лика, Димитров, Заев и Асаф Адеми, според проектот ПЕП и нивните официјални документи.

Многу од функционерите до сега лутеле бидејќи биле ставени во тој контекст, но според активистот на ПЕП функционерите не треба да се лутат бидејќи тоа се фактите со кои се доаѓа преку документите со кои тие располагаат и ги обезбедуваат од државните институции.

Овие 6 најбогати функционери, министри на чело со првиот во владата, Зоран Заев заедно тежат 35 милиони евра.

И ова се податоци само за 6-те најбогати врвни функционери. Активистката на ПЕП посочи и дека еден министер од владата на Заев нема поднесено пријава за имот, што исто така треба да биде елемент за истрага на соодветните служби кои треба да водат грижа за навремено објавување на анкетните листови за имотната состојба за именуваните и избрани функционери, бидејќи сепак тоа е работа од јавен интерес утврдена со закон.