Актуелно 15.11.2019 11:41

Шилегов ги исече јапонските цреши во центарот на Скопје, револтот кај граѓаните се повеќе расте (ФОТО)

Шилегов ги исече јапонските цреши во центарот на Скопје, револтот кај граѓаните се повеќе расте (ФОТО)

Градоначалникот на градот Скопје Петре Шилегов се одлучи да ги исече до корен јапонските цреши кои цветаа секоја пролет во Скопје и го разубавуваа центарот на градот.

Станува збор за 13 стебла на цреши кои се наоѓаат на пешачката улица Максим Горки.

Негативните коментари веднаш започнаа да се шират на социјалните мрежи, како и револтот и разочараноста на граѓаните кон Шилегов се повеќе расте.

Познатиот режисер Владимир Милчин, пак, го изрази својот револт на фејсбук.

–Паднаа јапонските цреши. Сабајлево. Соголена е најубавата улица. Горки. Без најава. Прашувам еден од работниците кој им наредил да сечат, ми вели: Зоран Заев. Градоначалникот Богдановиќ ми вели дека дрвјата биле болни и дека ќе насаделе нови! Пролетоска речиси сите процутеа…, напиша Милчин.